СТОП ЗА ДЕПОНИРАЊЕ НА СМЕТ ВО ДЕПОНИЈА РУСИНО ОД КАДЕ ШТО
ДОАЃА ЧИСТИОТ ПЛАНИНСКИ ВОЗДУХ ЗА ГОСТИВАРЧАНИ
ДОАЃА ЧИСТИОТ ПЛАНИНСКИ ВОЗДУХ ЗА ГОСТИВАРЧАНИ
Во
мое име и во името на животот, здравјето, граѓаните и природата на западниот
дел на Македонија, на градовите под "Македoнските АЛПИ" - Шар Планина
и целиот Корабски планински масив
Она
на што сакам да се осврнам се две работи поврзани пред се со депонијата во
градот Гостивар и Тетово, како и со самата Шар планина и полошката котлина.
Градот
Гостивар во минатото имаше депонија во месноста над селото Бањица или поточно
Сушичка депонија. Во таа депонија се фрлаше сметот од градот и околината,
се
разбира без класификација и рециклирање на отпадот. Со текот на годините
депонијата се зголемуваше и се повеќе и повеќе испушташе штетни материи од
самозапалувањата
што
настануваа од сметот. Чадот многу години им создаваше проблеми на гостиварчани
како и на жителите на селото Бањица кои во неколку наврати имаа протести но
безуспешно.
Поради
природата и текот на движењето на воздухот Југ – Север (во
над 90% во текот на цела година) целиот тој чад од Сушичката депонија која
е Јужно од градот полека но сигурно
доаѓа
во градот и е тивок убиец на најубавиот воздух кој всушност со тоа движење Југ
– Север доаѓа од планините и дава свежина и кислород на Гостивар, Полошката
котлина со селата и градот Тетово.
(Пред
15-тина години независна студија докажала дека ваквиот чад од депонијата во
голема мера го троши магнезиумот во организмот на човекот
па
со цел да се заштитат граѓаните било сугерирано дополнително консумирање на
магнезиум на лицата од околината и град. (Детали околу оваа студија се познати
на гостиварчани и гостиварските новинари)
Пред
неколку години конечно оваа депонија беше покриена со земја и затворена.
Постоеа неколку денови на многу ЧИСТ планински воздух, сето тоа со радување
го набљудував од околните планини, бистрината и изоставувањето на чадот од
депонијата придонесоа видноста и свежината да се зголеми. Но тоа траеше неколку
денови по што од една депонија никна уште една локална депонија која беше
буквално 1 километар оддалечена од Сушичката депонија, поточно на патот за
селото Митрови Крсти што е практилно на 1 км одделечена од старата. Исто така
во истиот тој правец но малце позападно над селото Сушица никна и
новата депонија Русино во која ќе се депонира и ѓубрето од општина Тетово.
Со еден збор од една депонија сега има две депонии и тоа лоцирани повисоко во
планините и во делот од каде што доаѓа најубавиот и најсвеж планински
воздух. Доколку поминувате околу Гостивар или се качите на некоја од околните планини
ќе видите како континуирано чадот од овие депонии доаѓа кон градот и ги
загадува граѓаните, понекогаш во летните периоди се случува да има
неподнослива смрдеа и непријатност во воздухот. За да биде иронијата поголема,
претпоставувам “стручните локални инженери” и недостатокот од државна контрола
на соодветните министерства донесуваат нова одлука со која сега двете овие
депонии ќе се затворат и затрупаат со земја, а на нова локација ќе се прави
нова главна, централна депонија за Гостивар и Тетово!!?? Новата локација
е на само 3 километри воздушно оддалечена од депонијата Русино во месноста на
селото Равен и Речане (равенска или речанска дупка). Значи уште поблиску до
изворот на најубавиот воздух Шар планина и уште поблиску до текот и
движењето на воздухот кон градот.
Крајно
време е концептот за депонирање на оптадот и градење на рециклирачка станица во
иднина конечно да се промени. Сметот пора подалеку да се депонира, никако не
смее да има ваква појава каде ќе се депонира смет кој се самозапалува во подножјето
на најубавите планини на балканот, во подножјето каде доаѓа најчистиот воздух.
Општините Гостивар и Тетово се наоѓаат во многу повоолна географска положба
опкружени со планини од каде се слива чист ладен воздух и бистра свежа
планинска вода. Како последен чекор од акцијата за заштита би било прогласување
на Шар планинскиот масив за Национален парк каде ќе се забранат секакви сечења
на шуми, загадување на реки и палење.
Верувајте
дека секојдневно а поготово преку ноќите оваа смрдеа е присутна скоро низ цел
Гостивар, која е очигледна и стварно смета.
Мора да сее креира издржана студија со цел
пронаоѓање место за депонирање на отпадот кое најмалце директно ќе ги загадува
граѓаните, секако место во кое движењето на воздухот нема Континуирано да
го носи загадениот воздух во населените места.
СТОП за ДЕПОНИИ под ШАР ПЛАНИНА